Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Повратниците од странство од сега наместо 14, сега 21 ден карантин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
avtobus-1

Македонските граѓани кои од денеска ќе влезат на граничните премини во земјава, а доаѓаат од земји со висок ризик од кронавирус, наместо 14 дена ќе треба да проестојуваат во карантин најмалку 21 ден. Оваа мерка ја донесе Владата на денешната седница и истата ќе важи за сите наши државјани вратени во земјава со хуманитарни летови или со конвои по копнен пат.

— реклама —
— реклама —

-Владата донесе и Уредба за дополнување на Уредбата за примена на Законот за заштита на населението од заразни болести за време на вонредна состојба, според која, на државјанин на Република Северна Македонија, кој влегува на граничните премини во нашата држава по 13 април 2020 година, а бил затекнат во земји со висок ризик од коронавирус КОВИД-19, согласно листата на Светската здравствена организација (СЗО), му се одредува мерката строга изолација (карантин) во времетраење од најмалку 21 ден од денот на пристигнувањето во Северна Македонија, соопшти владината прес-служба.

— реклама —
— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања