„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Повреден 64-годишен човек во центарот на Скопје, парче лимена ограда му паднала врз глава од градилиштето кај поранешно „Беко“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-40-9280PM

64-годишен маж утрово бил повреден откако парче лим од заштитната ограда околу градилиштето кај некогашното „Беко“ во центарот на Скопје се одвоило и му паднало врз глава додека поминувал покрај градилиштето со велосипед.

— реклама —

Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека работат на расчистување на случајот.

„На 15.07.2025 година, околу 7:30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Даме Груев, додека лицето С.П. (64) се движело со велосипед, врз него паднал дел од лимената заштитна ограда поставена околу градилиштето. Повредениот е пренесен со возило на Итната медицинска помош во Ургентниот центар“, соопштија од МВР.

— реклама —

Станува збор за објект зад кој стои компанијата „БС Консалтинг“, која во периодот на градоначалникот Андреј Жерновски добила дозвола за доградба и надградба на постојниот хотелски објект. Откако започнале градежните активности, инвеститорот решил целосно да го урне објектот, бидејќи било посочено дека темелите не се соодветни за планираната надградба. Со тоа, наместо санација, била започната нова градба од темел, за што биле потребни нови одобренија.

Но, поради мораториумот за градба што го воведе Општина Центар, компанијата немала дозвола за нова градба, и покрај тоа, градежните активности продолжиле во повеќе наврати. Инвеститорот бил санкциониран со казни, но работите на терен не биле целосно запрени.

Во време на мандатот на поранешниот градоначалник Саша Богдановиќ, против сопственикот на компанијата Борис Стојменов била поднесена и кривична пријава.

Две години подоцна, Јавното обвинителство поднесе обвинение за нелегално градење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања