Повреден Џеј Лено: Му се запалил автомобилот, има тешки изгореници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
uploads_thumbs_resize_800x420_555778

Познатиот американски телевизиски водител и комичар Џеј Лено се здоби со тешки изгореници откако лицето му изгорело кога се запалил еден од автомобилите на неговата колекција.

— реклама —

Во понеделникот, Лено беше хоспитализиран во болницата за пластична хирургија Грошман Брн Центар во Лос Анџелес.

— реклама —

Според Ројтерс, левата страна од лицето му била изгорена, но окото и увото останале неоштетени.

— реклама —

Во изјавата Лено изјавил дека имал сериозни изгореници од запален бензин.

„Добро сум. Ми требаат само една или две недели да застанам на нозе“, рече тој.

Џеј Лено (72) поседува колекција од околу 286 возила, вклучувајќи автомобили и мотоцикли.

Покрај тоа, Лено е еден од најгледаните ноќни водители во САД.

По напуштањето на „The Tonight Show“ во 2009 година, тој започна со сопствена програма „Jay Leno“s Garage“ на CNBC во 2015 година, а ќе стане водител на „You Bet Your Life“ во 2021 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања