„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Повторно гори депонијата Дрисла! Не е можна интервенција од воздух

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
Screenshot-2025-09-10-095539

Во депонијата Дрисла кај селото Батинци утрово избувна пожар кој сè уште е активен. Оганот се шири од внатрешноста на депонијата, а како што соопштија од Центарот за управување со кризи, во моментов во гаснењето учествуваат само противпожарни екипи со возила. Проценето е дека интервенција од воздух може да ја влоши состојбата и да предизвика појава на нови жаришта.

— реклама —

Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томевски, изјави дека станува збор за пожар со поголем интензитет. Гаснењето се врши од земја со цел да се намали ризикот огнот да се прошири кон околните објекти и населените места.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, нагласи дека пожарникарите работат на локализирање на пожарот во Дрисла и дека се формирани противпожарни појаси за да се спречи негово ширење. „Постојат сомнежи дека пожарот е намерно предизвикан. Во текот на летото имавме екстремно високи температури, но Дрисла ниту еднаш не се самозапали,“ рече Ангелов.

— реклама —

ЦУК дополнително испратил ер-трактор како помош за да се спречи евентуално прелевање на огнот кон боровата шума и викенд-населбата. „Пилотот на ер-тракторот констатираше дека гори централниот дел на депонијата и дека фрлање вода од височина би можело да ја разгори уште повеќе и да создаде нови жаришта. Тој утврдил дека нема непосредна опасност за ширење на пожарот кон шумата и е пренасочен кон интервенција во Скопска Црна Гора,“ соопштија од ЦУК.

Во меѓувреме, активни се и други пожари низ земјата. Во Општина Липково гори во селото Никуштак, а во Општина Гази Баба во селото Булачани е зафатена нискостеблеста деградирана шума и дабова шума. Во Општина Струга има два пожари – во селото Татеши и населбата Еленкамен. Пожарите во Берово и Струмица се ставени под контрола, а во изминатиот период изгаснати се вкупно 23 пожари.

фото: ЦУК

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања