Промени тема
Контакт

Повторно избувна пожар кај фабриката за оружје АТС АММО во Самоков

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
pozar-1-1

Околу 13 часот денеска, повторно се активираше пожар во кругот на фабриката за оружје и муниција АТС АММО во населбата Самоков, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според пријавата од командирот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Македонски Брод, пожарот избувнал по ноќна експлозија на буре со хемикалии складирани во веќе зафатениот магацин. Во текот на денот се случила и втора експлозија на друго буре, по што огнот се проширил повторно.

— реклама —

Во моментов, гори ниска вегетација и тревна површина, како во, така и надвор од кругот на фабриката. Засега не се зафатени производни хали или други складишта, но постои опасност од ширење на пожарот, поради што се преземаат итни мерки за локализација.

— реклама —

На терен интервенираат екипи од ТППЕ Македонски Брод и Прилеп, а се очекува и поддршка од Кичево. Градоначалникот на Општина Македонски Брод побарал и ангажирање на воздухопловни сили преку бројот за итни случаи 112.

— реклама —

ЦУК веќе ги процесуира барањата до МВР, Дирекцијата за заштита и спасување и Генералштабот на Армијата, и најавува редовно информирање на јавноста за развојот на ситуацијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања