Повторно како и со Ковид-19, здравствените власти доцнат со протоколите за мајмунски сипаници, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
lekari-715x420

Здравствениот систем во Македонија е во целосен колапс. Пациенти бегаат од тестирање, а здравствените власти без протоколи за лечење од заразната болест „мајмунски сипаници“, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Повторно како и со Ковид-19, здравствените власти доцнат со протоколите и начинот на лечење и изолација со оваа нова пандемија која масовно се шири низ Европа и светот.

— реклама —

Кој ќе понесеше одговорнот доколку пациентот кои одбиваше да биде тестиран, откако некако го пронајдоа, беше позитивен на оваа зараза?

— реклама —

Дали министерот или пак комисијата ќе одговараа доколку ова лице заразеше свои сограѓани со овие сипаници, бидејќи по кој знае пат ние не сме подготвени за справување со пандемии.

Илјадници наши сограѓани починаа од Ковид-19 заради тоа што немавме навреме вакцини, немавме доволен капацитет во болниците за примање на пациенти, но оваа неодговорна власт не ја научи лекцијата од Ковид-19 пандемија.

За тоа повторно прашуваме, кога министерот Беким Сали и комисијата за заразни болести ќе донесат протоколи за оваа нова пандемија со „мајмунски сипаници“?

Дали повторно треба да ни се случи истото сценарио како со Ковид-19?

Властите да престанат да бркаат тендери и да се богатат врз здравјето и животот на граѓаните. Веднаш треба да се преземат итни мерки за да не се повтори како првиот суспектен случај кој за среќа е негативен на оваа болест.

Неодговорноста на здравствените власти мора да запре, пред да биде доцна“, се вели во соопштнеието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања