Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Повторно лажно го умреа Џамбазов, тој им врати: Жив сум по обичај, само што изедов два чизкејка, тешко дека ќе се умира

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
igor-dzambazov

Македонскиот актер, шоумен, пејач, Игор Џамбазов одново мета на лажни вести. На фесјбук-страница било напишано дека починал, па во објавата стои: „почивај во мир легендо“. На ова експресно се јави Џамбазов.

„Македонијо моја. Што се' немаш ти родено. Понекогаш ми е многу жал за тебе... Жив сум дечки, по обичај. Кога ќе бидам за умирачка, на стори ќе ставам. Без гајле“, напиша Џамбазов.

— реклама —

Во објавеното видео, Џамбазов коментира: „Ќе почекаш малку пријателе. Само што изедов два чизкејка. Тешко дека бргу ќе се умира“.

— реклама —

— реклама —

Ова не е првпат, Џамбазов да биде мета на лажни вести со истава содржина. Тој и претходно жестоко има реагирано, бидејќи ваквите објави го потресуваат како неговото семејство, така пријателите и неговата публика.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања