Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Повторно висока бројка на позитивни на КОВИД 19, денеска потврдени 38 нови случаи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
korona-2

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје-1, Куманово-1, Прилеп-4, Велес-9, Битола-1.

— реклама —

— реклама —
Починаа двајца пациенти од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 74 годишен пациент, лекуван на клиниката од 21 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 57 години, хоспитализиран на 23 мај.

— реклама —

Во Институтот, од болницата Ремедика, за анализа е пристигнат постмортем брис на пациент од Скопје (53г) и истиот е позитивен на ковид-19.

Во последните 24 часа направени се 560 тестирања, а регистрирани се 38 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-24, Куманово-4, Штип-4, Тетово-3, Битола-1, Неготино-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2077, бројката на оздравени пациенти е 1486, на починати е 122, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 469. Последната дистрибуција по градови е:

• Скопје – 771, активни 232

• Куманово – 442, активни 36

• Дебар – 51, активни 0

• Штип - 54, активни 19

• Прилеп –211, активни 43

• Тетово – 182, активни 71

• Струга – 77, активни 9

• Велес – 128, активни 31

• Битола –29, активни 7

• Охрид –23, активни 8

• Кавадарци – 5, активни 0

• Гостивар –22, активни 4

• Гевгелија – 4, активни 0

• Струмица – 3, активни 1

• Крива Паланка- 6, активни 0

• Радовиш – 4, активни 0

• Крушево – 3, активни 0

• Кочани – 31, активни 0

• Пробиштип – 2, активни 0

• Кичево – 2, активни 0

• Неготино -12, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

• Демир Хисар – 1, активни 0

• Македонски Брод - 2, активни 0

• Пехчево- 3, активни 0

• Делчево-1, активни 0

• Валандово -1, активни 0

• Виница – 3, активни 1

• Кратово-2, активни 1

• Берово-1, активни 0

• Свети Николе-1, активни 1

Направените 560 теста се преку: ИЈЗ –226, Ветеринарен ф-тет -29, Авицена –18, Биотек -73, Филип Втори (Жан Митрев) –43, Систина со PCR метода -60  и МАНУ -111.  Досега во земјата се направени вкупно 27023 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 168 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Куманово и Скопје и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 примени се 3 пациенти, хоспитализирани се вкупно 47 пациенти. На кислородна поддршка се 20, на механичка вентилација е 1 пациент.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани 29 пациенти. На респиратор се 6, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 5 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 9, а на домашно лекување се следат 7 пациенти. На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани  38 пациенти -позитивни и сомнителни на ковид-19.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања