Повторно висока бројка на позитивни од КОВИД 19, денеска потврдени 153 нови случаи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
korona-test

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1279 тестирања, а регистрирани се 153 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-66, Куманово-13, Штип-13, Прилеп-2, Тетово-20, Струга-7, Битола-1, Охрид-7, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Свети Николе-3, Кичево-6, Ресен-12.

— реклама —

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти од: Скопје-47, Штип-13, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Охрид-3, Кавадарци-1, Гевгелија-2, Кочани-1, Пробиштип-1.

Починати се 6 лица, еден пациент од Скопје, двајца од Штип, еден од Тетово, еден пациент од Охрид и еден од Ресен.

— реклама —

Во ГОБ „8 септември“ по прием е починат пациент (53г) од Ресен. Починат е пациент од Скопје (61г), лекуван болнички до 23 јуни.  Во болницата во Штип починаа две лица, пациент (80г) хоспитализиран на 5 јуни и пациент (75г) хоспитализиран на 24 јуни.

Во ОБ Охрид почина пациент (68г) години, хоспитализиран на 23 јуни. Денеска институтот евидентира и претходно починат пациент од Тетово (79г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5595, бројката на оздравени пациенти е 2166, на починати е 265, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3164. Од вчерашните тестирања три се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

•       Скопје 2730, активни 1800

•       Куманово 723, активни 268

•       Дебар 83, активни 31

•       Штип 290, активни 184

•       Прилеп 240, активни 20

•       Тетово 603, активни 355

•       Струга 389, активни 107

•       Велес 171, активни 30

•       Битола 44, активни 15

•       Охрид 131, активни 107

•       Кавадарци 11, активни 5

•       Гостивар 91, активни 52

•       Гевгелија 10, активни 4 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)

•       Струмица 13, активни 9

•       Крива Паланка 13, активни 7

•       Радовиш 4, активни 0

•       Крушево 6, активни 3

•       Кочани 63, активни 27

•       Пробиштип 14, активни 9

•       Демир Хисар 1, активни 0

•       Македонски Брод 3, активни 1

•       Пехчево 5, активни 2

•       Берово 2, активни 1

•       Валандово 6, активни 4

•       Виница 3, активни 0

•       Делчево 1, активни 0

•       Кратово 4, активни 1

•       Свети Николе 20, активни 18

•       Кичево 16, активни 12

•       Ресен 85, активни 83

•       Неготино 20, активни 9 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1279 теста се преку: ИЈЗ –634, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –105, Биотек –140, МАНУ -109, Жан Митрев (Филип Втори) -164, Судска медицина-5,  Систина  со PCR метода -109 и ЦЈЗ Битола-13. Досега во земјата се направени вкупно 55.735 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 98 пациенти. На кислородна поддршка се 51 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.  Во болницата во Козле се хоспитализирани 2 деца сомнителни на ковид и 11 возрасни позитивни пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, вкупно хоспитализирани се 135 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 81 пациент - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

•       Чаир – 416

•       Аеродром - 141

•       Бутел - 136

•       Гази Баба - 151

•       Центар – 123

•       Карпош – 121

•       Сарај – 138

•       Кисела Вода – 109

•       Ѓорче Петров – 88

•       Студеничани – 94

•       Шуто Оризари – 77

•       Арачиново – 51

•       Илинден – 32

•       Петровец – 16

•       Чучер Сандево – 17

•       Сопиште – 12

•       Зелениково-2

•       Странец – 3

•       Нераспределен-7

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања