Во последниве 24 часа од направени 8686 тестови, има 67 позитивни пациенти на коронавирусот, информираше министерот за здравство Венко Филипче.
Еден пациент починал во последново деноноќие, а 25 лица се оздравени.
На клиниката за Инфективни болести примени се шест нови пациенти. На клиниката има вкупно 40 пациенти, од кои нема пациенти кои дишат со помош на респиратор, а 16 се на кислородна поддршка.
фото: Архива