На 25.03.2019 во 11.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во атар на село Дивље, скопско, на место викано „Венец“ настанал пожар при што горела нискостеблесна шума. Екипи на Бригадата за противпожарна заштита и месното население преземаат мерки за гасење на пожарот.
На 25.03.2019 околу 13.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека во близина на граничната линија со Република Бугарија (граничен камен 23) настанал пожар. Веднаш биле известени Територијалната противпожарна единица и Центарот за управување со кризи. Се преземаат мерки за гасење на пожарот.
На 25.03.2019 во 16.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека настанал пожар на место викано „Долна локва“, кон Маздрачка каптажа, при што била зафатена борова шума. Известени се Територијалната противпожарна единица и Центарот за управување со кризи и се преземаат мерки за гасење на пожарот.
На 25.03.2019 во 17.40 часот во Полициската станица за граничен надзор „Пехчево“ било пријавено дека во близина на граничната линија со Република Бугарија(кај граничен камен 35) настанал пожар. Известени се Територијалната противпожарна единица и Центарот за управување со кризи и се преземаат мерки за гасење на пожарот.
На 25.03.2019 околу 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на село Патишка река, скопско, настанал пожар на нискостебелеста шума, кој се шири кон појас на шума од даб и смрека. Известена е Територијалната противпожарна единица и преземени се мерки за гасење на пожарот.