Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Пожар на отворен простор во Берово, Свети Николе, Тетово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
pozar-drvja

На 23.03.2019 година околу 15,25 часот било пријавено дека во Берово настанал пожар во атарот на с.Ратево кај место викано “Три Реки“, при што била опожарена млада борова шума. На местото на настанот упатени се екипи од Територијалната противпожарна единица Берово, Шумското стопанство и се преземаат мерки за гаснење на пожарот.

— реклама —

На 23.03.2019 година било пријавено дека настанал пожар на подрачје на Свети Николе односно во атар на с.Каратманово, кој во текот на ноќта преку с.Ново Село на место викано “Кишински пат“ се проширил кон с.Каласлари, при што била опожарена поголема површина сува трева и разновидна шума. На местото на настанот излезено е од екипа од Македонски шуми- Велес и од нивна страна во 17,00 часот пожарот бил ставен под контрола.

На 23.03.2019 година во 17,50 часот било пријавено дека во Тетово настанал шумски пожар на шест до седум помали локации покрај патот во правец од с.Ново село кон с.Мерово-општина Желино, при што била опожарена нискостеблеста шума и сува трева. Се преземаат мерки за гаснење на пожарот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања