Денеска избувна голем пожар во Винчини – Виница, кој за кратко време зафати широка површина.
Според првичните информации, три лица се здобиле со изгореници, меѓу кои и едно лице од ТППЕ Штип. Повредените веднаш се префрлени на итна медицинска интервенција во болница.
На терен се пожарникарски екипи и служби за спасување, а борбата со огнената стихија сè уште трае.