Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Пожар во болница во Германија: Двајца пациенти загинаа, над 30 се повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
pozarna-

Двајца пациенти загинаа, а најмалку 34 лица се повредени во пожар што рано утрово избувнал во болницата во германскиот град Лудвигслуст. Во тек е целосна евакуација на установата, додека бројни екипи на итните служби интервенираат на местото на настанот.

— реклама —

Според првичните информации, пожарот избувнал во болничка соба, а потоа се проширил и кон покривот на Одделот за радиологија. Дојавата за пожарот била примена околу 4:30 часот, по што на терен биле испратени противпожарни екипи од Лудвигслуст и околните места.

— реклама —

Надлежните соопштија дека пожарот е ставен под контрола и повеќе нема отворен пламен, но спасувачките активности продолжуваат. Во тек е евакуација на сите пациенти, вклучувајќи ги и оние сместени во помошните објекти на болничкиот комплекс.

Пациентите се префрлаат на безбедни локации во рамките на болничкиот круг, додека одделот за итен прием, кој привремено беше затворен, повторно е ставен во функција.

— реклама —

Германските медиуми јавуваат дека засега нема официјални информации за тежината на повредите на повредените лица.

— реклама —

Поради густиот чад, локалните власти ги повикаа жителите во околината да ги држат затворени прозорците и вратите на своите домови. Пред болницата се собрале и голем број членови на семејствата на пациентите, кои чекаат информации за своите најблиски. За нив е отворена и посебна телефонска линија за поддршка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvbihsar60ogtaRRwyRX

Германија стравува од недостиг на гас, планира формирање државни резерви

Свет | пред 4 часа

— реклама —
media-library18i26ga29ta675rNxAu

Германија ги исфрла кинеските дронови од употреба во својата војска

Свет | пред 1 ден

media-library28mg73apibvg37GaVOa

(Видео) Инцидент пред германскиот парламент: Палестинско знаме го замени германското

Свет | пред 4 дена

media-libraryo9cpaulc96oieTa7GdC

Германија ги заостри казните за употреба на дрога за силување – најмалку пет години затвор

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања