Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Пожар во Визбегово, гори приватен имот со стари возила

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryvecmk339op413Fbg1ir

Пожар избувна денеска во скопската населба Визбегово, во близина на обиколницата, каде што гори приватен имот на кој биле складирани стари автомобили, информираат од Град Скопје.

— реклама —

Скопската противпожарна бригада веднаш интервенирала и со сите расположливи возила, опрема и човечки капацитети активно работи на гаснење на огнот.

— реклама —

На терен се присутни и инспектори од Град Скопје, додека за случајот се известени и Министерството за внатрешни работи, Државниот инспекторат за животна средина и Јавното обвинителство.

— реклама —

Надлежните апелираат до граѓаните на смиреност, внимателност и почитување на насоките на службите, додека институциите координирано работат на ставање на пожарот под контрола.

Од Град Скопје порачуваат дека нема да се толерира неодговорно однесување и создавање диви депонии кои го загрозуваат здравјето на граѓаните и животната средина, нагласувајќи дека за ваквите случаи ќе се утврдува одговорност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarychbf2bvu3go520Zb474

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 1 седмица

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 1 седмица

media-library372j1967aalr4Ld4tDV

Три активни пожари во Македонија, еден е под контрола

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања