Денеска околу 11 часот, во СВР Тетово пријавен е пожар кој избувнал во стан од зграда во гостиварска Седма зона, сопственост на 40-годишната Џ.Х. од Гостивар. Во пожарот нема повредени лица, а еден од станарите на погорните катови во зградата од чадот почувствувал потешкотии со дишењето и пренесен е во гостиварската Општа болница за укажување на лекарска помош, информира СВР Тетово, објави gostivarpress.mk
