Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Пожар во зграда во Москва, загинаа четири деца и една жена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
5A1423C7-8F79-47A1-AF89-C8C4AC267E4C

Пет лица, од кои  четири деца, денеска загинаа во пожар што избувна во станбена зграда во московската област Волоколамск. Во пожарот, кој избувнал на првиот кат, повредени се три лица, соопшти регионалното Министерство за вонредни состојби.

— реклама —

Во несреќата загинала една 30-годишна жена и нејзиното тригодишно дете додека се обидувале да избегаат, но се задушиле од чад.

— реклама —

Телата на уште три деца биле пронајдени во еден од становите кои биле зафатени со пожарот.

Пожарникарите успеале да евакуираат 12 лица.

— реклама —

Пожарот избувна околу 2:30 часот по локално време. По пристигнувањето на противпожарната служба, два стана веќе биле изгорени.

Во зградата имало 17 жители, а причината за пожарот сè уште не е позната.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања