Изутринава избувна пожар во зградата во близина на македонската Филхармонија, во која се сместени повеќе јавни и државни институции. Во објектот во центарот на Скопје, познат и како поранешен објект на Комерцијална банка, се сместени Македонската информативна агенција и Државниот инспекторат за животна средина.
Противпожарната служба интервенира на првиот кат од зградата, а од таму велат дека сите вработени од смената се излезени на терен.