Во голем пожар што изби на улицата „Скупи“ во Скопје, биле целосно опожарени шест куќи, додека делови од уште две биле зафатени од огнот.
Според информациите од МВР, настанот се случил на 13 јули 2025 година во 20:00 часот, а во пожарот малолетно лице се здобило со повреди и било пренесено во ГОБ „Св. Наум Охридски“.
Со симптоми на вдишување чад, медицинска помош побарале и Ш.С. (34), Р.С. (69), Х.Х. (49) и тројца полициски службеници. Пожарот бил успешно локализиран од екипи на Противпожарната бригада на Скопје.