Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Пожари во Кочанско, Струшко, Кумановско и Гевгелиско

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
pozar-drvja

На 30.03.2019 во Полициската станица Кочани било пријавено дека во село Пресека, кочанско, на место викано „Горница“, настанал пожар во кој била зафатена површина од околу 50 хектари борова и дабова шума со ниско стеблеста вегетација. Екипи на Територијалната противпожарна единица-Кочани, вработени во Шумско стопанство и шумска полиција Кочани, преземаат мерки за гасење на пожарот.

— реклама —

На 31.03.2019 во 14.25 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека настанал шумски пожар над село Октиси, во делот помеѓу с.Октиси и место викано .„Беличка река“, при што на непристапен терен горела букова шума. За пожарот бил известен Центарот за управување со кризи и  територијалната противпожарна единица-

Струга и се преземаат мерки за гасење.

— реклама —

На 31.03.2019 околу 18.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека настанал шумски пожар над село Липково, кумановско, при што била зафатена површина од околу 1500 метри квадратни дабова шума. За настанот биле известени Територијалната противпожарна единица-Куманово и Центарот за управувње со кризи и се преземаат мерки за гасење на пожарот.

На 31.03.2019 во 20.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека настанал пожар кај место викано „Јаворица“, атар на село Давидово, во кој горела нискостеблеста шума. Пожарот бил локализиран од екипа на Територијална противпожарна единица Неготино.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања