Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Пожари во ресенско, скопско и тетовско

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
pozar

На 29.03.2019 во 10,27 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека во атар на село Покрвеник, ресенско, настанал пожар во кој била опожарена сува трева. Околу 18.30 часот пожарот се проширил кон националниот парк „Галичица“. Екипи на Територијалната противпожарна единица Ресен преземаат мерки за гасење на пожарот. За пожарот е известен Центарот за управување со кризи.

— реклама —

На 29.03.2019 во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека покрај патот кој води кон село Раовиќ, скопско, избувнал пожар при што горела сува трева и нискостеблеста шума на околу 1 000 метри квадратни. Во 11.20 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита.

На 29.03. 2019 во 15,45 часот во Полициската станица за граничен надзор Рогачево било пријавено дека покрај регионалниот пат Тетово - Јажинце, во близина село Старо Село, настанал пожар во кој горела нискостеблеста шума и други видови шумска маса, со тенденција да се прошири во повеќе правци поради силен ветер. За пожарот биле известени Територијалната противпожарна единица Тетово и Центарот за управување со кризи. Се преземаат мерки за гасење на пожарот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања