„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Пожарите кои вчера беснееја низ Прилепско, ставени под контрола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
pozar

Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Росоман е нормализиран синоќа околу 23 часот, информира АМСМ. Тој беше во прекин поради шумски пожар над каменоломот на превојот Плетвар во атар на селото Тројаци кон селото Топлица.

— реклама —

„Најголемиот пожар се случи вчера во попладневните часови на Плетвар, поточно на потегот кај каменоломот, Топлица и Тројаци. Заради интензитетот на пожарот, вчера имаше прекин на сообраќајот на патниот правец Прилеп – Градско, во траење од околу 7 часови. Сакам да истакнам дека со огромен ангажман на припадниците на противпожарната единица, чија работа беше на високо ниво, беше спречено огнот да се префрли на другата страна од магистралниот пат, по што околу 23 часот патот беше пуштен за сообраќај во двата правци“, изјави градоначалникот Јованоски.

Инаку пет големи пожари беа активни вчера во Прилепско.На помош на прилепските пожарникари пристигнаа екипи од соседните градови, кои заедно со нив се обидуваа да го изгаснат огнот.

— реклама —

фото: Сител

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања