Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Пожарите не стивнуваат: 38 пожари на отворено, седум сè уште беснеат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
pozar-Angelov1

На територијата на цела Македонија, денеска до 07:30 часот, се евидентирани вкупно 38 пожари на отворен простор, од кои седум се сè уште активни, четири се под контрола, а 27 се изгаснати – информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари во моментов беснеат на неколку критични локации, меѓу кои и помеѓу селата Блаце и Горњани во Чучер Сандево, како и во шумските подрачја во Прилеп, Дојран, Тетово и Македонски Брод, каде се гори деградирана дабова шума и нискостеблеста вегетација.

— реклама —

Особено е сериозна состојбата под Солунска Глава, на карпест терен, каде што има задржани огнени џебови и чадење. Пожарите кои се ставени под контрола се регистрирани во општините Македонски Брод и Делчево, вклучително и на градската депонија Острец. Повеќето од нив зафатиле ниска вегетација и мешани шуми, а се прошириле и поради влијанието на човечки фактори, како во случајот со пожарот што се проширил од фабриката Самоков.

Во текот на изминатите 24 часа, успешно се изгаснати 27 пожари низ повеќе општини во земјава. Меѓу нив се регистрирани запалени депонии, сува трева, ниска вегетација, како и шумски подрачја – од скопскиот регион, преку источниот и југоисточниот дел на државата, до Пелагонија и Полошкиот регион. Пожар имало и кај Спомен-домот АСНОМ во Кочани, како и долж патот Тетово – Селце.

— реклама —

Надлежните апелираат на крајна претпазливост и избегнување на активности што може да предизвикаат пожар, особено во услови на високи температури и суво време. Сите институции се мобилизирани, а на терен се ангажирани пожарникарски единици, припадници на шумска полиција, ЦУК и локалното население.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања