„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Пожарникар со стап по глава мавал колега, ОЈО бара притвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
pozar-4

Четириесетгодишен вработен во охридската противпожарна служба утринава нападнал повеќе негови колеги и е осомничен дека извршил неколку кривични дела. Откако влегол во простории на Територијалната противпожарна единица во Охрид, тој со дрвен стап нападнал негов колега, удирајќи го во пределот на главата. Притоа на оштетениот му нанел тешки телесни повреди од животно загрозувачка природа.

— реклама —

Продолжувајќи кон дворот на противпожарната служба, осомниченото лице се сретнало со друг колега кого исто така го нападнал со удари. Од силината на ударите вториот оштетен паднал на снегот, по што сторителот упорно продолжил со клоци да му нанесува повреди по телото. По тоа, осомничениот избегал од местото на настанот. Подоцна се јавил и на службениот телефонски број 193 и им се заканувал на колегите со што ја загрозил нивната сигурност.

Поради стореното, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за кого постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 во врска со став 1, Насилство од член 386 став 3 во врска со став 3 и Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Јавниот обвинител ценеше дека постојат опасности осомниченото лице да го повтори кривичното дело, да се даде во бегство и да влијае врз сведоците, поради што до судија на претходна постапка во Основниот суд Охрид достави и Предлог за определување на мерката притвор.

Истиот овој претходно ги истепа пожарникарите и за тоа не е ни избркан од работа, ни притворен. Интересно е што пожарната во Охрид е сместена во иста зграда со Полицијата, а за безбедноста на пожарникaрите кои постојано биле под закани од притоврениот Локалната ангажирала приватна агенција за обезбедување (Питон) чии вработени обезбедувачи одреден период ги чувале пожарникарите на работните места (кои се во иста зграда со Полицијата), а откако агенцијата не ги обезбедувала се случил денешниот инцидент. Повредениот пожарникар заради сериозноста на повредите е пренесен во Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања