Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Пожарникарските служби пред колапс: мал број кадар, дотраена опрема, несоодветни донации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
protivpozarno-vozilo

Во Македонија има помалку од 400 активни пожарникари, иако според потребите треба да бидат над 800. Нема центар за нивна обука, а возилата се стари со децении и се заменуваат само доколку стигне донација од странство.

— реклама —

Возилата што пристигнуваат како донации често се со несоодветни системи – со различни мерни единици, англиски навои, и волан на десна страна – што бара дополнителни адаптации за да се користат во македонски услови, посочи извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ.

Опремувањето на пожарникарите е оставено на општините, кои сами се снаоѓаат за чизми, одела и друга заштитна опрема. Перишиќ нагласи дека е срамно што странски амбасади и донатори организираат средби за помош, кога државата има капацитет сама да го обезбеди тоа.

— реклама —

На последната таква средба, на 18 јуни, ЗЕЛС испратил прашалници до сите 34 општини со противпожарни единици за да се направи листа на потреби пред нова координација со донаторите во септември.

„За мене тоа е срамно – државата мора самата да се организира“, рече Перишиќ.

Проблемите не се ограничени само на општинско ниво. Недостасува и координација помеѓу Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување. Перишиќ посочи и дека Агенцијата за шумарство нема сопствени пожарникари, и покрај тоа што шумските пожари се најчести во лето.

„Овие луѓе го ризикуваат животот за сите нас. Време е системот сериозно да се организира“, заврши Перишиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања