Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Пожарот кај Добрашинци е под контрола, продолжува затрупувањето на депонијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryuveabf1j82j5dxZ9cgU

Пожарот на депонијата кај селото Добрашинци е локализиран, но екипите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица и понатаму остануваат на терен за негово целосно гаснење и обезбедување на локацијата.

— реклама —

Од ТППЕ Струмица информираат дека уште од раните утрински часови на терен интервенираат две противпожарни возила и шест пожарникари-спасители, кои континуирано работат на ликвидирање на пожарот.

— реклама —

Во интервенцијата активно е вклучено и ЈПКД „Комуналец“ – Струмица, чија механизација ја затрупува депонијата со цел да се спречи повторно разгорување на жариштата.

Пожарникарите посочуваат дека поради специфичноста на пожарите на депонии, и покрај тоа што огнот е ставен под контрола, потребно е подолго време за негово целосно гаснење.

— реклама —

Од ТППЕ Струмица апелираат до граѓаните да останат смирени, да не шират непроверени информации и да ги следат официјалните известувања. Воедно, упатија повик за совесно однесување и избегнување активности што можат да предизвикаат нови пожари.

— реклама —

Надлежните најавуваат дека ќе продолжат да ја следат состојбата сè до целосното ликвидирање на пожарот и навремено ќе ја информираат јавноста за понатамошниот развој на настанот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu3k3obm0rggs5FPIqHz

(Видео) Голем пожар кај Бит-пазар во Скопје: Горат магацини, интервенираат шест противпожарни возила

Скопје | пред 2 дена

— реклама —
media-librarychbf2bvu3go520Zb474

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 3 седмици

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања