Пожарот кај Фурка се уште активен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Центарот за управување со кризи (ЦУК), преку Дежурниот оперативен центар, согласно информациите и координацијата со субјектите од Системот за управување со кризи утрово (08.08.2022) направи пресек за пожарите на отворено во последните 24 часа: има еден активен пожар и 12 изгаснати. ЦУК е во постојана комуникација и координација со силите на терен и податоците се следниве до 07.00 часот утрово:

— реклама —

Активен пожар -- на ден 07/08.08.2022 година - 06:00 часот

— реклама —

Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Струмица ја пренесува информацијата од ТППЕ Гевгелија во која се наведува дека пожарот кај с.Фурка помеѓу општина Дојран и Богданци е се уште активен, но со намален интензитет. Гори деградирана шума-прнар, а на места има и борова шума. Ангажирани сили и служби се: Територјалната противпожарна единица ТППЕ Гевгелија со 10 до 14 пожарникари и 3 противпожарни моторни возила (пп м.в.), доброволно ПП друштво Дојран со 4 лица и 1 возило, Комуналец Гевгелија со 1 цистерна и 2 вработени за дотур на вода, Комунално Дојран со 2 возила и околу 10 вработени, Јавно претпријатие Национални шуми (ЈПНШ) Подружница Кожув Гевгелија со 2 возила и 10 вработени,ТППЕ Кавадарци со 2 ПП возила и околу 8 пожарникари,ТППЕ Валандово со 1 ПП возило и 3 пожарникари, ДЗС-Валандово со 1 возило и 5 членови на тимот за брз одговор, МВР ПС Гевгелија со 2 патролни возила и ТППЕ Струмица со едно возило и 4/5 луѓе. Пожарот кај с.Фурка е активен на кракот на западната страна на пожарот према Богданци и мал крак према Рибник Елита. На ден 08.08.2022 година во утринските часови околу од околу 05 часот се излезени на терен околу 40 до 50 луѓе од ТППЕ-Гевгелија, ДЗС-Валандово, ЈПНШ Подружница Кожув, а и граѓани од локалното,население.

— реклама —

Изгаснати пожари во последните 24 часа -- на ден 07/08.08.2022 година - 06:00 часот се:

1. Струмица с.Ангелци и с.Вељуса стрениште со 2 ПП возила и 6 пожарникари. од 16:25 до 18:30 часот. 2 ха

2. Валандово с.Пирава м.б Оџа борум деградирана шума ТППЕ Валандово со 6 Пожарникари и 2 возила и од ЈПНШ Подружница Саланџак-Валандово 6 вработени и 2 возила. од 12:00 до 16:00 часот. 5 ха

3. Радовиш с.Ињево и с.Воиславци стрениште со 2 ПП возило и 5 пожарникари. од 11:00 до 14:06 часот.

РЦУК Битола с. Житоше кон с. Борино. Шумски пожар на нискостеблеста деградирана дабова шума 1 ПП возило со 4 пожарникари, 3 вработени во ЈП Национални Шуми подружница Липа Крушево и 4 лица од месно население. од 16:00 до 19:30 часот 1 ха

4. Крушево на депонијата во Крушево. со 1 ПП возило и 2 пожарникари од 12:00 до 14:00 часот.

5. РЦУК Штип стрениште кај м.в. Лезовски Кантон со 1 ПП возило и 3 пожарникари од 13:10 до 14:50 часот.

6. РЦУК Тетово Зафатена е кровната конструкција и еден спрат од куќата во с. Орашје (Опш. Јегуновце), со 3 ПП возила и 12 пожарникари. од 06:40 до 10:00 часот.

7. Тетово сува трева и ѓубриште до стариот објект на Воспитно поправниот дом Тетово со 2 ПП возила и 4 пожарникари од 15:35 до 16:35 часот.

8. РЦУК Куманово стрениште во с. Рамановце. со 1 ПП возило и 3 пожарникари. од 09:55 до 10:45 часот.

9. РЦУК Охрид стрниште во с. Ложани (опш.Кичево) со 1 ПП возило и 3 пожарникари од 16:30 до 18:20 часот.

10.Пожарот кој започна денес околу 11:55 часот во село Гајре опш. Тетово е целосно локализиран во 14:40 часот од страна на Тппе Тетово со 2 ПП возила и 6 пожарникари.

11.Пожар кај стариот пат од Тетово накај Желино при што гореше сува трева и ѓубре локализиран е од страна на Тппе Тетово во 11:20 часот со едно ПП возило и 4 пожарникари.

12.Во 14,25 часот Од Тппе Тетово известија дека во село Челопек Општина Брвеница од страна на мали деца било запалено од невнимание балирано сено.Се интервенира со 2 пп возило и 5 пожарникари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања