Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Пожар избувна на депонијата „Буково“ во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Охрид
media-libraryd7f52r3d33chbTiVT7m
Фото: Илустрација

Пожар избувна утрово на депонијата „Буково“ во Охрид, при што на терен веднаш се испратени екипи на ЈП „Охридски комуналец“ и Територијалната противпожарна единица – Охрид.

— реклама —

Од претпријатието информираат дека пожарот избувнал во дел од депонијата кој подолг период не се користи и на кој во изминатиот период не бил депониран отпад. Екипите работат на негово локализирање, а се врши и пресек со создавање заштитна линија за да се спречи понатамошното ширење на огнот.

— реклама —

Од ЈП „Охридски комуналец“ посочуваат дека во текот на 2026 година на депонијата „Буково“ досега се донесени и распоредени повеќе од 8.000 кубни метри земја, која се користи за прекривање и стабилизирање на делови од депонијата, како и за намалување на ризикот од појава и ширење на пожари.

Состојбата на теренот се следи непрекинато, а екипите ќе останат ангажирани до целосно ставање на пожарот под контрола.

— реклама —

Засега не е исклучена можноста пожарот да е намерно предизвикан. Причината за неговото избувнување ќе биде утврдена од надлежните институции по спроведување на соодветна постапка.

— реклама —

Од охридското комунално претпријатие велат дека остануваат во целосна координација со надлежните служби со цел спречување на ширењето на пожарот и заштита на околината.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarychbf2bvu3go520Zb474

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 3 седмици

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 3 седмици

media-library372j1967aalr4Ld4tDV

Три активни пожари во Македонија, еден е под контрола

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања