Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Пожарникарите го спречија огнот да влезе во Грачани: Огнената линија од Косово беше долга над пет километри

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryhpici8d970m3bZwI7iH

Скопските пожарникари успеале да го локализираат пожарот и да спречат огнената линија да навлезе во селото Грачани, откако пожарот од косовска страна преминал на македонска територија и го загрозил населеното место.

— реклама —

Огнената линија била долга повеќе од пет километри, а во гаснењето на пожарот на непристапниот терен клучна улога имале два „ертрактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), соопшти директорот Стојанче Ангелов.

— реклама —

Од теренот било потврдено дека со воздушната поддршка и добрата координација пожарникарите успеале да ја пресечат огнената линија, со што била спречена директна опасност за Грачани.

Во меѓувреме, активни се и други пожари низ државата. Како најтешко жариште е оценет пожарот на подрачјето меѓу Струга и Кичево. Утрово таму дејствувал армиски хеликоптер во поддршка на струшките пожарникари, а се очекува огнената линија наскоро да биде прекината и да не ги загрози околните села.

— реклама —

Во Студеничани активни се два пожара за кои постојат сомневања дека повторно биле намерно предизвикани. Според информациите, тие не претставуваат опасност за населените места и се очекува наскоро да бидат ставени под контрола.

— реклама —

Ангелов информираше дека во изминатото деноноќие биле регистрирани повеќе од 40 пожари на отворен простор и упати апел до граѓаните за максимална внимателност. И покрај најавените врнежи, опасноста од нови пожари останува многу висока.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu3k3obm0rggs5FPIqHz

(Видео) Голем пожар кај Бит-пазар во Скопје: Горат магацини, интервенираат шест противпожарни возила

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-librarychbf2bvu3go520Zb474

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 3 седмици

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања