Промени тема
Контакт

Пожарот на Брач зафатил подрачје долго до 40 километри, опожарени над 4.000 хектари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Балкан
media-library6974n780qb4453Fseyl

Состојбата со големиот пожар што избувна на 10 септември на хрватскиот остров Брач е поповолна по последната ноќ. Нема поголеми пламени ниту густ чад, а на местата каде што повторно ќе се појави оган, противпожарните екипи веднаш интервенираат и спречуваат негово ширење.

— реклама —

Од Противпожарниот оперативен центар на Брач информираат дека во текот на целата ноќ на терен биле 235 пожарникари со 68 возила.

„На терен цела ноќ се 235 пожарникари и 68 возила. Тие брзо реагираат на појавата на пламен или чад, кои вечерва се од помал обем отколку претходните вечери, така што ситуацијата е поповолна“, изјавиле од центарот.

— реклама —

Во меѓувреме, изгаснат е и пожарот што вчера попладне избувна во Бол на Брач.

— реклама —

Жупанискиот противпожарен командир на Сплитско-далматинската жупанија, Иван Ковачевиќ, очекува ситуацијата да се смири во наредните денови доколку нема ветер.

„Пожарот на Брач зафати огромно подрачје, а се проценува дека неговата должина е меѓу 35 и 40 километри“, изјавил Ковачевиќ.

— реклама —

Според проценките на пожарникарите, досега се опожарени повеќе од 4.000 хектари шума, ниска вегетација и макија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања