Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Пожарот на „Пелистер“ локализиран, опасноста од ширење и натаму голема: Во гаснењето ќе се вклучат хеликоптер и два „ер трактори“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H
Илустрација

Пожарот што го зафати Националниот парк „Пелистер“ од страната на Преспа е локализиран, но опасноста од негово повторно ширење и натаму е голема, информира градоначалникот на Битола.

Тој посочи дека од вчера попладне, како и во текот на целата ноќ, е во координација со надлежните служби за справување со пожарот.

— реклама —

Од Битола се испратени екипи на Територијалната противпожарна единица, екипи од јавните претпријатија со механизација, како и приватни фирми со тешка механизација, со цел да помогнат во гаснењето на пожарот.

— реклама —

Градоначалникот информираше дека е во постојана комуникација и со директорот на НП „Пелистер“, Иванчо Тошевски, и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Во текот на претпладнето се очекува во гаснењето да биде вклучен и хеликоптер, како и два „ер трактори“, додека на терен остануваат и екипите од Битола.

— реклама —

Градоначалникот упати апел до граѓаните за особено внимателно и одговорно однесување во шумите, со цел да се спречат нови пожари и поголема катастрофа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarychbf2bvu3go520Zb474

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 6 дена

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 1 седмица

media-library372j1967aalr4Ld4tDV

Три активни пожари во Македонија, еден е под контрола

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања