Промени тема
Контакт

Позициите на Бугарија водат кон асимилација на македонскиот народ, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
18022022_PVRSM_sredba_Petkov

Додека Ковачевски и Османи се кријат и бегаат да одговорат за преговорите со Бугарија со Собранието и пред граѓаните, повторно македонската јавност дознава детали за преговорите од Бугарија и Петков. Иста надворешна политика по урнекот на Зоран Заев, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Токму тоа што го предупредувавме изминатиот период дека ветото од страна на Бугарија, и покрај сите порази кои ги доживеавме, нема да биде кренато, туку како што вели Петков поместено, додека не се прифатат сите барања од Софија.

Со овие позиции, Бугарија сака ние да бидеме асимилирани и целосно да ги прифатиме сите нивни барања кои се вклучени во Резолуцијата изгласана во 2019-та година изгласана од бугарскиот парламент.

— реклама —

Доколку владата на Ковачевски стави потпис на документ во кои ќе бидат вклучени сите барања на Софија, можеби ќе се случи првата меѓувладина конференција, но никогаш нема да започнат преговорите на Македонија со ЕУ, додека ние како граѓани не се асимилираме и како Бугари влеземе во рамките на ЕУ.

— реклама —

Молкот на Ковачевски за провокацијата на Бугарија со отворањето на културниот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола е само еден сегмент од политиката на свиткана кичма во надворешната политика.

Затоа ја повикуваме владата да внимава што прифаќа во преговорите со Бугарија, воедно и да се охрабрат и излезат пред македонското Собрание и на граѓаните да соопштат што точно опфаќаат работите кои ги соопштува Петков.

— реклама —

Потребно е национално единство и консензус во врска со македонските црвени линии во однос на преговорите со Бугарија“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања