Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Познат добитникот на наградата Живко Чинго

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
zivko-cingo

Расказот  “Пад на системот или Како балканските народи сфатија дека Бог можеби и не постои’’ е победник на годинашниот конкурс за најдобар расказ, што го распишува Општина Охрид во чест на Живко Чинго.

— реклама —

Комисијата во состав:  Проф. д-р Кристина Николовска – претседател  и проф. д-р Димитар Пандев и проф. Славе Ѓорго Димоски- членови, едногласно одлучи наградата Живко Чинго за 2019 година  да му се додели на расказот:  “Пад на системот или Како балканските народи сфатија дека Бог можеби и не постои’’, под шифра: “ЕДИНАЕСЕТ’’.

На Конкурсот за најдобар расказ “Живко Чинго’’, во предвидениот рок пристигнаа 41 расказ што  ги задоволуваа конкурсните критериуми. Од нив комисијата избра 14 раскази, а во потесен  круг влегоа и расказите “Африка’’ и “1317’’.

— реклама —

Проф. д-р Кристина Николовска – претседател и проф. д-р Димитар Пандев и проф. Славе Ѓорго Димоски

— реклама —

Наградeната творба се издвојува од другите по својата инвентивност, по успешното и издржано водење на нарацијата со која ја поттикнува фантазијата на читателот, со откривањето нови теми со кои се актуализираат дилемите  на современиот начин на живеење.

Наградата на авторот ќе му биде врачена на 13 август на традиционалната манифестација, “Вечер на Живко Чинго“, што ќе се одржи во неговото родно село Велгошти.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања