Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Познат идентитетот на загинатите во страшната несреќа на скопската обиколница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
F071A090-0D4F-454E-A799-E2A09E4A67B4

На 21.06.2019 во 16,30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколницата “Мајка Тереза“, кај клучка Приштина во правец од Тетово кон Радишани, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „МАН“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Н.(37) од Куманово, патничко моторно возило „Јети“, сопственост на МВР, и патничко моторно возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.А. (22) од Гостивар.

— реклама —
— реклама —

Двајца полициски службеници вршеле радарска контрола и го запреле возилото „БМВ“, а потоа во нив удрило товарното моторно возило. По ударот, возилото „БМВ“ се запалило. На местото на настанот починал совозачот во возилото „БМВ“, Р.А.(34) од Гостивар.

— реклама —
— реклама —

Со возило на Итна медицинска помош А.А. и двајцата полициски службеници С.Б.(37) и Г.А.(48) биле пренесени во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, но во болницата С.Б. им подлегнал на повредите. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања