Вчеравечер, 23-годишно лице убило една година помладо момче, а случајот го потврдија од МВР.
Оттаму, не откриваат која била причината за пукањето, но, неофицијално, причината е кавга за дрва. Убиството се случи во струшкото село Поум.
„Денес околу 18.40 часот во с.Поум-Струга У. В. (роден 1997) од с.Поум пукал кон З. Б. (1996) и В. Б. (1973) како и кон други лица. З. Б. Починал, а В.Б. е пренесен во МЦ-Струга“
Лицето кое пукало само се пријавило во ПС-Струга.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.