Промени тема
Контакт

Прајм Капитал АД Скопје го комплетираше раководниот состав: Иван Ивановски на чело на Одборот на директори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-librarypevu96qcu6t8bRfCpAd

Со комплетирањето на својата управувачка структура, Прајм Капитал АД Скопје влегува во нова фаза на стратешки развој и позиционирање на пазарот на капитал.

Основачот на PrimeClass.mk и 100% акционер на Прајм Капитал АД Скопје, Иван Ивановски, застанува на чело на Одборот на директори како негов претседател. Неговото долгогодишно професионално искуство, докажана експертиза во финансиската едукација, длабоката анализа на меѓународните финансиски пазари и развојот на современи инвестициски пристапи носат силен визионерски печат во управувањето со Друштвото. Како единствен сопственик и претседател на Одборот, Ивановски директно го става својот личен и професионален кредибилитет во темелите на Прајм Капитал АД Скопје, предводејќи ја долгорочната стратегија за поставување највисоки стандарди во корпоративното управување, транспарентноста и заштитата на интересите на инвеститорите.

— реклама —

Со ова, Прајм Капитал АД Скопје добива целосно заокружен и оперативен Одбор на директори. Покрај претседателот Иван Ивановски, раководниот тим го сочинуваат Миа Стефановска Зографска како Главен Извршен директор, Благој Митров како Извршен директор, Ненад Јовиќ како Неизвршен член и Томислав Димитријев како Независен член на одборот на директори со што Друштвото ги спојува стратешката визија, меѓународното пазарно искуство и оперативниот континуитет.

„Комплетирањето на раководниот состав е важна пресвртница за Прајм Капитал АД Скопје. Градиме модерна, кредибилитетна и одговорна институција во која професионализмот и вистинската вредност за клиентите се темел на секоја одлука, а долгорочната доверба е наш стратешки приоритет“, изјави Иван Ивановски, претседател на Одборот на директори.

Прајм Капитал АД Скопје е друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови кое во рамките на своето работење нуди услуги за управување со фондови, инвестициско советување и управување со индивидуални портфолија на клиенти, целосно усогласени со важечката законска и регулаторна рамка.

— реклама —
media-libraryeun1hoqgchiqb54ULtX


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања