„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Пратениците ќе ја разрешуваат Јанева, медиумите не можат да следат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
katica-janeva

Извештајот за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева уште се наоѓа кај собранискиот спикер Талап Џафери. Засега е непознато кога документот кој содржи докази за за случајот „Рекет“ ќе се најде пред комисијата за избори и именувања.

— реклама —

„Извештајот ќе биде достапен на јавноста преку комисиите во Собранието на Република Македонија, освен доколку некоја од комисиите не го одложи или спречи објавувањето на дел и на целиот извештај, доколку најде за потребно да се заштитат правата на секое лице наведено во извештајот, или да спречи недозволено влијание во кое било кривично гонење.“ - Закон за СЈО чл.18.

Од Кабинетот на Џафери велат дека во понеделник извештајот ќе го испратат до Комисијата за избори и именувања.

— реклама —

Претседателот на Комисијата за избори и именувања Илија Димовски веќе изјави дека веднаш штом го добие извештајот ќе свика седница на комисијата.

Постапката за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева започна откако советот на јавни обвинители едногласно одлучи дека има закоски основи Јанева да биде разрешена од функцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања