Промени тема
Контакт

Пратениците на Левица на средба со рускиот амбасадор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
20220316155836

Пратениците на Левица - Димитар пасиев и Борислав крмов денеска во репрезентативната „Струшка сала“ на Собранието остварија деведесетминутна работна средба со рускиот амбасадор Сергеј Баздникин.

На средбата, како што велат од таму се разговарало за непромислените изјави на министерот за надворешни работи Бујар Османи. Акцент се ставил, како што велат, на процесот на денацификација и елиминирање на заканите од екстремно-десничарските и радикалните неонацистички политички движења во Украина.

— реклама —
— реклама —

„Отворени беа и прашања од важност за Западен Балкан, како и за непромислените русофобски изјави на шефот на дипломатијата – г. Бујар Османи, кои беа оценети како провокаторски и непријателски, и кои воопшто не придонесуваат кон развојот на традиционално добрите односи меѓу македонскиот и рускиот народ. Пратеникот Апасиев се огради од последните контроверзни дејствија на македонската дипломатија и потсети дека овие нецивилизирани антируски чекори воопшто не ја изразуваат волјата на мнозинството македонски граѓани“, пишува во објавата.

— реклама —

На амабасадорот му била врачена и свечена монета со ликот на Гоце Делчев, која Левичарскиот институт „Рацин“ ја изработил по повод 150 годишнината од раѓањето на овој македонски великан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања