Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Пратениците на студиска посета во Холандија за правата на ЛГБТИ лицата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Пратеници, членови на Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата ќе учествуваат на студиска посета во Холандија, во периодот од 13.3.2019 до 16.3.2019 година. На студиската посета ќе земат учество координаторката Маја Морачанин, заменик-координаторот Павле Богоевски и пратеничките Лилјана Поповска, Славица Шуманска-Митева, Јагода Шахпаска, Снежана Калеска-Ванчева и Емилија Александрова.

— реклама —

Поканата за учество на студиската посета е од организацијата ХЕРА - Асоцијација за здравствена едукација и истражување, во рамките на Проектот „Собранието и локалната самоуправа во унапредувањето на правата на ЛГБТИ луѓето“, а поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија.

Целта на посетата е презентирање на најдобрите парламентарни пракси за работа на ова поле, како и презентирање на пракси за подигнување на свеста за ненасилство, спречување на говор на омраза и дискриминација.

— реклама —

Во рамки на студиската посета предвидена е посета на Парламентот во Хаг и средба со пратениците одговорни за креирање на политиките од областа на ЛГБТИ прашањата, средби со локални политичари, посета на институциии и средби со невладини организации, кои работат на застапување заедно со холандските пратеници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања