Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Пратениците од СДС и ДУИ да гласаат за продолжување на важноста за пасошите, ако не нека се откажат од дипломатските пасоши, бара ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_3348

“Пратениците од СДС и ДУИ да гласаат за продолжување на важноста за пасошите, ако не нека се откажат од дипломатските пасоши, со кои се привилегирани додека народот е затворен, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

СДС и ДУИ заглавија над 1 милион луѓе во Македонија.

— реклама —

СДС и ДУИ знаеја за рокот за промена на пасошите и со години молчат и не преземаат акција. Напротив, 2 и пол години издавале пасоши за кои знаеле дека важноста ќе помине пред истекот на датумот впишан на самите исправи.

— реклама —

И СДС и ДУИ се комотни и не се вознемирени, затоа што додека народот е затворен во државата и му е оневозможено движење, тие како пратеници и државни функционери со дипломатски пасоши можат да патуваат каде сакаат, без разлика дали пасошите се нови или стари.

— реклама —

Ако СДС и ДУИ не гласаат за продолжување на важноста на пасошите, тогаш чесно е сите нивни пратеници и функционери да се откажат од дипломатските пасоши, а не додека народот страда, тие да ги користат привилегиите на позициите. Со право народот вели дека немаме држава, и таа треба да се врати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања