Пратениците одат на одмор кој ќе трае скоро цел месец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
49946856_1984427608320840_1346930271198380032_n

Собранието денеска треба да ја одржи 109-та седница, која според собраниската агенда е последно пленарно заседание пред летната пауза што ќе трае до 27 август.

— реклама —

На дневен ред на денешната седница, меѓу другото, се Предлог на одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Исламската Република Авганистан, Предлог законот за изменување на Законот за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование, во прво читање, како и Предлог законот за изменување на Законот за Македонската академија на науките и уметностите, исто така во прво читање.

— реклама —

На дневен ред на оваа собраниска седница се и Дополнетиот предлог закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште, Дополнетиот предлог закон за изменување и дополнување на Законот за возила, како и Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за воздухопловство.

— реклама —

Пратениците на оваа седница треба да ги разгледуваат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за виното и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, Годишниот извештај за работата на ЈП Македонската радио телевизија за 2018 година, како и Извештај за реализација на годишна програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2018 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања