Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Пратеничка хоспитализирана на Инфективна: „Собрав малку сила да ви пишам…“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
infektivna_klinika-610x400

Пратеничката и потпретседателка на ЛДП, Моника Зајкова е позитивна на коронавирус и хоспитализирана на Инфективната клиника во Скопје.

„Ви пишувам откако собрав малку сила, лежејќи на клиниката за инфективни болести каде што сум хоспитлизирана поради заразеност од Корона вирусот“, пишува Зајкова.

Таа додава дека и нејзините родители се позитивни, за среќа со полесни симптоми и се борат со фамозниот непријател.

— реклама —

„Иако ги следевме и почитувавме сите протоколи, најверојатно некаде, за жал, сме потфрлиле“, додава Зајкова.

— реклама —

Како се чувствувам?

– Телесната температура не ми спаѓа под 38.5 C, чувствувам омалаксаност, континуирано гадење, повраќање и изнемоштеност. Констатирано ми е почетна фаза на пневмонија. Ова не сакам да звучи како заплашување, туку повеќе како отрезнување, затоа што понекогаш може да биде предоцна!

— реклама —

На Инфективна хоспитализиран е и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за кој последно министерот за здравство рече дека е во добра здравствена состојба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања