„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Пратеничката Зајкова му подари дрес од македонската репрезентација на европратеникот Илхан Ќучук

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
IMG_1950

Пратеничката од ЛДП Моника Зајкова му подари дрес од македонската репрезентација на Илхан Ќучук, европратеникот и известувачот за Република Северна Македонија во Европски парламент.

- Важно е да не дозволиме евроскептицизам и омразата помеѓу народите, мора да разговараме на заеднички јазик, и да создадеме врски кои се базираат на разбирање и меѓусебен интерес. На тој начин ќе обезбедуваме да течат трговски односи, инфраструктура и образовни политики кои се клучни за добро функционирање на двете држави, истакна Зајкова.

— реклама —

Според неа многу македонски студенти студираат на Универзитети во Бугарија што ја зајакнува интеркултурната комуникација потребна за добри билатерални односи.

— реклама —

- Споровите се решаваат со компромиси и соработка каде двете држави добиваат, и не треба да се пречка за евроинтеграции и стабилноста на двете држави во Европа. Важно е да се подржуваме како соседи на сите полиња, и во политиката и во спортот, додаваа таа.

— реклама —

За пратеникот Боби Мојсоски од ЛДП кој исто така присуствуваше на средбата, евроинтеграциите се важни за да создадеме стабилност помеѓу народите, особено важни за да ја зајакнат нашата држава, а билатералните спорови не треба да се пречка за европска интеграција на нашата држава.

Дресот според Зајкова е симбол за бодрење и поддршка од соседот на претстојното Европско првенство на кое е пласирана нашата фудбалска репрезентација како соседи, но и за развој на добрососедски односи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања