Пратеник на СДСМ со поддршка за иницијатива на бугарски европратеник, кој со години зборува дека македонскиот јазик има бугарски корења

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
kostovski-martin-andrej-k

Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски, охрабрен од пишувањата на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев кој најави дека ќе бидат јавно објавени сите кои имаат бугарски пасоши, го поддржа ваквиот став. Ковачев важи за провокатор и лице кое тврди дека Македонија е бугарска, а македонскиот јазик има корења од бугарскиот.

— реклама —

„Бугарија јавно ќе ги објави имињата на оние кои од други држави се здобиле со бугарско државјанство!!! Давам јавно предлог СЕКОЈ МАКЕДОНСКИ ПОЛИТИЧАР КОЈ ИМА БУГАРСКО ДРЖАВЈАНСТВО, во иднина да не се занимава со политика, еве мислам дека е доволно фер“, напиша Костовски.

— реклама —

— реклама —

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, кој доаѓа од ГЕРБ на Бојко Борисов и се смета за влијателен во поставувањето на бугарската политика во овој сегмент, пред две години кажа дека македонскиот јазик е современа реалност која има недвосмислени бугарски корења.

Инаку, со најновите измени во предлог-законот за бугарско државјанство, кои се изгласани во прво читање од пратениците во бугарскиот парламент, се предвидува јавно објавување на регистарот на сите лица во Северна Македонија кои имаат бугарски пасош, објави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.

Ковачев, на својот фејсбук-профил, ја поздрави одлуката на сите бугарските парламентарци и додава дека со ова неговата битка која ја водел 10 години конечно ќе стане реалност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања