„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Пратеникот Џеват Адеми: Куршум го погоди син ми во грб, јас не пукав

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ademi-323289

Пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми, негира дека бил дел од инцидентот со огнено оружје што се случи на свадба во Мала Речица пред околу еден месец каде неговиот син и уште едно друго лице беа ранети. Адеми не сакаше да зборува пред камерата на Алсат. Телефонски ни рече дека бил на прославата, но ги отфрли тврдењата дека пукал со оружје. Неговата реакцијата доаѓа еден месец од инцидентот кој отвори разни полемики во јавноста, па и тврдења дека бил главен виновник за трагичниот настан.

— реклама —

„Точно е дека моето семејство и јас бевме дел од оваа семејна забава каде десетици луѓе на недоличен начин пукаа со огнено оружје, но не е воопшто вистина дека сум пукал и јас. Јас и моето семејство седевме на маса, а син ми седеше пред мене. Куршумот го погоди во грб. Ова покажува дека дури и јас да сум пукал, не е можно тој да биде ранет бидејќи мојот син седеше спроти мене.“

Адеми исто така признава дека полицијата го сослушала и бара брзо решавање на случајот за, како што вели, да се расчистат сомневањата во јавноста.

— реклама —

„Јас бев повикан во полиција и дадов изјава. Ми зедоа парафинска ракавица. Затоа ја охрабрувам, како полицијата, така и обвинителството да ја завршат својата работа и случајот да го истераат до крај. Никогаш не сум користел оружје на оваа семејна забава, па дури и остро ја осудувам употребата на оружје на вакви забави каде што честопати жртви се невини лица.“, рекол Адеми за Алсат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања