Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Пратеникот Костовски во Собрание ги наброја најголемите 10 лаги на Христијан Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Screenshot-2023-02-14-175616

Пратеникот на СДСМ Мартин Костовски, при реплика од собраниската говорница ги наброја топ десетте лаги на Христијан Мицкоски.

— реклама —

„Мицкоски лажеше за асимилација и бугаризација - сега сме горди Македонци кои зборуваат македонски јазик. Лажеше дека нема да почнеме преговори – тече скрининг процесот. Лажеше Мицкоски за набавка на 100 електрични автобуси за Скопје, лажеше за фабрика за автобуси во Скопје со 500 вработени, лажеше дека Данела не е во коалција со ВМРО-ДПМНЕ. Лажеше дека нема струја дека ќе има рестрикции – струја има доволно. Исто како што лажеше дека цената на електричната енергија ќе се зголеми за 30-40 проценти – цената на струјата падна. Мицкоски лажеше дека цената на нафтата ќе се зголеми – имаме најевтина нафта на целиот Балкан. Лажеше цело време дека 2021 година ќе има избори, па лажеше за предвремени избори 2022 во мај, и повторно лаже дека ќе има некакво парламентарно мнозинство, подвлече Костовски.

— реклама —

Пратеникот Костовски рече дека ВМРО-ДПМНЕ е зависна од власт, исто како што Мицкоски е зависен од парите од Будимпешта.

Кога сте зависни од форинти конвертирани во денари мора да одработувате и да бидете киднапирани од политичари кои се против ЕУ, истакна пратеникот на СДСМ Мартин Костовски.

— реклама —

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања