Пратеникот од редовите на ДУИ, Флорин Бесими, поднесе оставка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
florim-besimi

Пратеникот од редовите на ДУИ, Флорин Бесими, поднесе оставка од функцијата пратеник во Собрание поради избегнување на можен конфликт, пренесува „ТВ21“.

— реклама —

„Стоејќи на принципите на еднаквост, правда, можност за сите и целосно почитување и без никакво двоумење на законот и волјата на народот, ве известувам дека останувам принципиелен и следствено на тоа давам оставка од мандатот на Народниот заменик за да се избегне можен конфликт, од интерес со мојот глас во собранието“ – изјавил Флорин Бесими.

— реклама —

Претходно, Антикорупциската комисија излезе со став дека пратеникот Бесими не смее да го бира својот брат Фатмир Бесими за министер во новата Влада.

Бесими исто така додал дека одлуката ја донел откако бил познат предлогот за состав на нова Влада, по што одлуката ја донел во консултација и согласност со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Големите историски договори го надминуваат мојот мандат како пратеник. Се враќам да му служам на народот, каде што можам да придонесам најмногу за мојата професија и мојот град“ – заклучил тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања