Пратеникот Зибери: Не се чувствував добро, затоа решив да гласам согласно протоколите - сам во кабината

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
konstitutivna-sednica-6

Пратеникот Арбен Зибери, откако синоќа гласаше за новата влада од посебна просторија во Собранието, изолиран од другите пратеници, денеска се огласи во јавноста. Тој појаснува дека не се чувствувал добро, но се уште не знае дали е заразен со корона вирусот.

— реклама —

-Би сакал да ве известам за дилемите што се шират вчера во моментот кога требаше да присуствувам на Собранието на Северна Македонија на состанокот предвиден да гласам за формирање на Влада.

Од утрото не се чувствував добро и за да не го загрозувам здравјето на другите, во соработка со претседателот на Собранието како и со колегите, решив да гласам согласно протоколите или сам во кабината, без никаков контакт со другите, напиша Зибери на својот ФБ профил.

— реклама —

Тој додава дека се уште не направил тест за да знае дали е заразен со корона вирусот.

-Јас не го направив тестот за да разберам дали сум ПОЗИТИВЕН на „Ковид-19“, затоа ги молам медиумите и порталите не манипулираат.

Здравје на сите!, напиша Зибери.

https://www.facebook.com/arben.ziberi.3/posts/3356540034385349

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања