Правилникот на Бесими за обновливи извори на енергија е дискриминирачки спрема мнозинството граѓани, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
soncevi-kolektori-640x434

Новиот Правилник за обновливи извори на енергија нуди неиздржани и половични решенија за слоевит проблем, додека е предвиден како дискриминирачки спрема мнозинството граѓани, вели политичката партија Левица.

— реклама —

„Правилникот за обновливи извори на енергија им овозможува на богатите да ги намалат трошоците за електрична енергија, додека за мнозинството граѓани кои се на работ на егзистенцијата, се предвидува да бидат повторно извесени.

— реклама —

Дополнително, ниско-напонската мрежа, за оптимална работа без дополнителни загуби, дозволува приклучување на генераторски уреди до 4 Kw инсталирана моќ. Се' над ова ќе продуцира дополнителни загуби и губитоци на енергија поради основната намена и димезионираноста на дистрибутивната мрежа.

— реклама —

Примери за дискриминација:

- Ако се знае дека за 25 Kw инсталирана моќ треба нешто повеќе од 700 m² кровна површина, што значи 4 фотоволтаични централи од по 6 Kw исталирана моќ - тогаш, како власта ќе им обезбеди, во една стамбена зграда со повеќе станбени површини, на сите станари еднаква можност да стават сопствена фотоволтачна централа на кровот на сопствената зграда?

- Како едно просечно македонско семејство ќе си дозволи инвестиција за фотоволтаик на сопствен кров, а едвај преживува во ова време на економска рецесија?

Примери за популизам:

- Како власта ќе ги реши техничките загуби и пренапони што ќе се јават во дистрибутивната мрежа со допуштање на поголема инсталирана моќ од 4 Kw на 6 Kw?

- Кои се придобивките од зголемувањето на инсталираната моќ, ако не е популизам, кога се знае дека се' над 4 Kw прави поголема штета од добивка?

Левица долго време нуди системски решенија за минимизирање на трошоците за електрична енергија за секое македонско семејство.

- Проектот "народни електрани", каде секое семејство ќе има сопствена фотоволтаична централа, е единственото одржливо, долгорочно решение за искористување на сончевата енергија во корист на граѓаните.

- Изградбата на сите хидро потенциали од буџетски средства е концепт во полза на народот и државата

- Долгорочни стабилни договори за снабдување со природен гас со земји кои го поседуват.

- Конкретна помош на секое семејство за инсталирање на колектор за топла вода.

Јасно е дека пристапот кон решенијата на Левица е во спротивност со бизнис интересите на енергетската мафија, која е дел од владината елита. Затоа, како општествено одговорно партија која ги штити интересите на државата и народот, повикуваме на оставка на владината гарнитура за да можеме да ги санираме последиците од тековната криза“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања