“Активностите за гаснење на пожарот во неготинско продолжуваат со засилено темпо. Денеска, заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов и градоначалниците Митко Јанчев и Горан Стојанов, бев на терен каде извршивме увид на зафатените површини и ги искоординиравме активностите со цел што побрзо да се запре ширењето на огнените стихии”, посочува министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и додава:
“Со здружени напори и координација меѓу сите релевантни институции, правиме сè што е во наша моќ за да го ставиме пожарот под контрола и да ја заштитиме безбедноста на граѓаните и нивниот имот. Благодарност до сите вклучени во акцијата за нивната посветеност и професионализам”.
Министерството за внатрешни работи останува посветено на својата мисија за заштита на безбедноста на граѓаните и поддршка на сите активности насочени кон справување со вакви природни непогоди.